• петок, 05 декември 2025

Вирц без постигнат гол во 13 натпревари од Премиер лигата по неговиот трансфер од 116 милиони фунти

Вирц без постигнат гол во 13 натпревари од Премиер лигата по неговиот трансфер од 116 милиони фунти

Ливерпул, 4 декември 2025 (МИА) – Фудбалерот на Ливерпул, Флоријан Вирц ја продолжи серијата без голови на во Премиер лигата.

Вирц синоќа упати шут кон голот на Сандерленд топката заврши во мрежата, но погодокот беше прогласен за автогол. Во 81. минута, најпрво голот му беше препишан на Германецот, но подоцна беше констатирано дека по шутот на Вирц топката значително се одби од ногата на Норди Мукиеле.

Така, во 13 натпревари од Премиер лигата, Вирц не постигна ниту еден гол, ниту пак забележа асистенција. Дваесет и двегодишниот германски репрезентативец, беше купен за 116 милиони фунти.

Натпреварот Ливерпул - Сандерленд од 14.коло на Англиското фудбалско првенство заврши нерешено 1:1. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан