Верстапен: Ред Бул има целосна доверба во главниот стратег Шмиц
- Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, изрази доверба во способностите на главниот инженер на тимот Хана Шмиц.
Лондон, 4 декември 2025 (МИА) - Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, изрази доверба во способностите на главниот инженер на тимот Хана Шмиц.
На Големата награда на Катар, благодарение на здравата стратегија, Верстапен ја освои победата и ја намали разликата во однос на лидерот во шампионатот Ландо Норис на 12 поени.
- Хана и јас имаме долга работна врска. Споделивме неколку неверојатни моменти и возевме неколку одлични трки. Таа е многу добра во тоа што го прави, па затоа имаме доверба во неа. Одлично е да се започне трката знаејќи дека е во боксот. Имаме одлична комуникација, сè е многу едноставно. Ми се допаѓа тоа, рече Верстапен.
Последната трка од Формула 1 шампионатот за сезоната 2025 ќе се вози во Абу Даби претстојниот викенд. зс/
Фото: ЕПА