• петок, 10 мај 2024

Арсовска го отвори настанот за добро управување на локално ниво во Западен Балкан, во организација на ОЕЦД СИГМА

Арсовска го отвори настанот за добро управување на локално ниво во Западен Балкан, во организација на ОЕЦД СИГМА

23 ноември 2023 

Почитувани,

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска го отвори настанот за добро управување на локално ниво во Западен Балкан, во организација на ОЕЦД СИГМА. 


- Град Скопје како водечка институција во доброто управување во локалната самоуправа, со заложбите на градската администрација добиваат признанија во меѓународни рамки. Посветено работиме на подобрување на услугите со цел отстранување на административните бирократски бариери за кои најчесто имаат забелешки граѓаните и приватниот сектор. Во пристапниот процес кон ЕУ претстои надминувaње на голем број предизвици, а наш приоритет е обезбедување квалитетни услуги за граѓаните – истакна Арсовска на отворањето на тркалезната маса. 

Во рамките на настанот од страна на ОЕЦД СИГМА беа претставени новите принципи за управување на повеќе нивоа како нов сегмент во рамките на јавната администрација, и соработката во насока на градење доверба во јавните институции, со размена на искуства помеѓу повеќе институции од Европа, во однос на тоа како да координираат и соработуваат локалните и регионалните власти за овозможување подобра реализација на проекти. На настанот учествуваа претставници од централните и локалните власти од Западен Балкан, како и претставници од меѓународни организации.

Со почит,
Одделение за односи со јавност
Град Скопје

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива


 

 

Остани поврзан