• петок, 17 мај 2024
МИА Најави МКД

10 мај 2024

 

Скопје - Претседателот на техничката Влада на Република Северна Македонија, Талат Џафери ќе одржи прес-конференција. (Влада, Медија центар/11:00, линк на македонски јазик, https://www.youtube.com/watch?v=ij81Cc8_ZKo, линк на албански јазик, пристигнување на медиумите на влезот од страната на Медија центарот/10:45)

Охрид - Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ќе одржи средба со началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Кралството Норвешка, генерал Еирик Кристоферсен. (Камп за обука на вода, кај сидриштето Билјанини извори/фоторепортери и сниматели за фотографирање и видеоинсерти од церемонијата за пречек/9:00, пристигнување на медиумите/8:35)

Скопје - Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе одржи трибина „Состојбите во современиот македонски јазик: Македонскиот јазик во наставата“ по повод одбележувањето на 5 Мај - Денот на македонскиот јазик. (Филолошки факултет „Блаже Конески“, голем амфитеатар/13:00)

Прилеп - Прес-конференција за програмата на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“. (Центар за култура „Марко Цепенков“/12:15)

Охрид - Отворен ден на Факултетот за туризам и угостителство-Охрид. (Факултет за туризам и угостителство/12:00)

Скопје - Прес-конференција по повод Меѓународна недела на сестринската професија на која ќе се доделат признанијата за најхумана медицинска сестра. (Фоаје пред салата во Дом на АРМ/12:45), свечена академија (13:00)

Скопје - Информативно-едукативна работилница во рамки на проектот „ШАНСА ЗА ТЕБЕ“ во рамки на ИПА II Програмата за прекугранична соработка на Србија и Северна Македонија 2016-2020, а во организација на Центарот за развој на Скопски плански регион. (х.„Панорамика Дизајн“/10:00)

Скопје - Отворање на изложбата насловена „Четирите мајстори на модернизмот“. (КИЦ, галерија Империјал 1/20:00)

 

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан