• понеделник, 06 мај 2024

Арсенал на чекор од рекордот во Премиер лигата

Арсенал на чекор од рекордот во Премиер лигата

Лондон, 21 април 2024 (МИА) - Арсенал синоќа го совлада Вулверхемптон на гостински терен во натпреварот од 34. коло на Премиер лигата - 2:0. Лондонци не примија ниту еден гол на шестиот натпревар на гостински терен во првенството и се наоѓаат пред изедначување рекорд стар 15 години.

Претходно таков резултат покажаа само Челзи во декември 2008 година и Манчестер јунајтед во февруари 2009 година. Тогаш екипите одиграа седум натпревари на гости со „чиста мрежа“, што е рекорд во Премиер лигата.

Следно гостување на „Топчиите“ во Англиското фудбалско првенство е на 28 април против Тотенхем.

Арсенал со 74 бодови го престигна Манчестер сити (73) и изби на првото место во Премиер лигата, но „Граѓаните“ имаат натпревар помалку. зс/

Остани поврзан