Де Роси задоволен од ремито со Јувентус
- Тренерот на Рома, Даниеле де Роси, е задоволен од настапот на неговите избраници на натпреварот од 35. коло на италијанското првенство со Јувентус (1:1).

Рим, 6 мај 2024 (МИА) - Тренерот на Рома, Даниеле де Роси, е задоволен од настапот на неговите избраници на натпреварот од 35. коло на италијанското првенство со Јувентус (1:1).
- Одигравме одличен натпревар. Можам само да се гордеам и да се радувам. Нерешените резултати не можат да нè направат среќни, но момците имаат став, желба да одат напред, и тоа ме прави среќен, изјави Де Роси за италијанските медиуми.
Со освоениот бод, Рома има вкупно 60 и се наоѓа на 5.место во Серија А.
Јувентус со 66 бодови остана на третото место. Избраниците на Масимилијано Алегри ја продолжија низата без победи на сите турнири на пет натпревари. зс/
Фото: ЕПА