• сабота, 02 ноември 2024

Армискиот хеликоптер се уште не е вклучен во гаснењето на пожарот во неготинско, хеликоптерот на МВР е повлечен

Армискиот хеликоптер се уште не е вклучен во гаснењето на пожарот во неготинско, хеликоптерот на МВР е повлечен

Неготино, 11 јули 2024 (МИА) - Хеликоптерот на Армијата, кој според најавите требаше околу 12 часот да биде ангажиран во гаснењето на пожарот во неготинско, се уште не е вклучен, додека хеликоптерот на Министерствто за внатрешни работи кој од утринава интервенираше од воздух е повлечен поради одработени часови, информираа од Центарот за управување со кризи за МИА. 

- Хеликоптерот од МВР кој беше ангажиран во гаснењето на пожарот во Неготино е повлечен бидејќи ги исполнил работните часови. Армискиот хеликоптер се уште е на задачи и не е ослободен. Ветија дека ќе го пуштат до 12 часот, велат од ЦУК.

Од Општина Неготино, каде вчера формираа Кризен штаб, упатија апел до сите што сакаат да помогнат во гаснење  да се пријават во Општината на телефонскиот број 043/361-045. свд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан