• четврток, 11 јули 2024

Апел до жители од неколку села да ги напуштат домовите поради опасност од ширење на пожарот во Неготинско

Апел до жители од неколку села да ги напуштат домовите поради опасност од ширење на пожарот во Неготинско

Неготино, 11 јули 2024 (МИА) - Поради опасност од ширење на пожарот во Неготинско, упатен е апел, жители од неколку села да ги напуштат живеалиштата. Вакво соопштение штотуку издаде Штабот за заштита и спасување на Општина Неготино. 

- Се упатува апел до населението во општина Неготино и тоа во селата Пештерница, Бела Вода, Калањево, Липа, Брусник и околните места, да ги напуштат своите живеалишта/престојувалишта и да се засолнат на безбедно место во градот или околните села што не се зафатени од пожарот, поради опасноста од забрзано ширење на истиот, се вели во соопштението. свд/са/


Фото : МИА 

Остани поврзан