• недела, 22 декември 2024

Апелите на дебарската ТППЕ за чисти оџаци условија минимален број пожари 

Апелите на дебарската ТППЕ за чисти оџаци условија минимален број пожари 

Дебар, 1 ноември 2024 (МИА) – Редовните апели од Територијалната противпожарна единица за редовно чистење на оџаците ги даваат посакуваните резултати бидејќи годинава во поширокиот дебарски регион бројот на пожари на објекти, предизвикани од запалени оџаци е минимален.

-Интервенираме на подрачјето на општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, односно подрачјето на Река. Од 102 интервенции годинава, само 9 се пожари на објекти, предизвикани од запален оџак, што е за 10 помалку во однос на споредбениот период минатата година. Поради опременоста и брзата интервенција, причинетата материјална штета е помала, изјави за МИА Џетан Мифтароски, командир на единицата.

Сепак, додава, стои апелот за чисти оџаци и за оваа грејна сезона, бидејќи се зголемува ризикот од пожари во објекти.

-Задолжително, барем двапати годишно, пред почетокот и по завршувањето на грејната сезона, неопходно е да се чистат оџаците за да не настануваат пожари. Освен граѓаните, законска обврска да вршат проверка и да ги чистат оџаците имаат и јавните институции и установи, објаснува Мифтароски.

Исто така советува посебно внимателни да бидат и за електричните грејни тела кои ги користат, како и инсталацијата, затоа што преоптоварување исто така може да доведе до пожар. вт/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан