• недела, 22 декември 2024

Анчелоти ќе ги има на располагање Алаба за финалето на Лигата на шампионите

Анчелоти ќе ги има на располагање Алаба за финалето на Лигата на шампионите
 Мадрид, 25 мај 2022 (МИА) - Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба изјави дека е подготвен да игра во финалето на Лигата на шампионите, информација која е добредојдена за тренерот на „кралскиот клуб“ Карло Анчелоти. Дваесет и деветгодишниот Австриец поради здравствени проблеми го пропушти реваншот од полуфиналето против Манчестер сити, како и пет натпревари од шпанската Ла Лига. - Се чувствувам многу добро. Имав време да закрепнам. Работев многу напорно во последните денови за да бидам подготвен, изјави Алаба за „ Football Espana“. Оваа сезона Алаба забележа 45 настапи за Реал Мадрид, постигнувајќи три гола и  четири асистенции. Финалето на Лигата на шампионите, во кое Реал Мадрид ќе игра со Ливерпул, ќе се одржи на 28 мај во Париз на стадионот „Стад де Франс“ со почеток во 21 часот. зс/

Остани поврзан