• петок, 17 мај 2024

Анчелоти: Очекувам Крос да ја заврши кариерата во Реал Мадрид

Анчелоти: Очекувам Крос да ја заврши кариерата во Реал Мадрид

Мадрид, 18 април 2023 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти проговори за продолжување на договорот со играчот од средниот ред Тони Крос.

 

- Крос е клупска легенда. Тој е врвен играч. Нов договор? Очекувам Крос дефинитивно да ја заврши кариерата тука во Реал Мадрид, изјави Анчелоти.

 

Новинарот Фабрицио Романо напиша дека 33-годишниот фудбалер договорил нова соработка со клубот кој ќе биде со важност до јуни 2024 година.

 

Крос е во Мадрид од летото 2014 година. Вкупно за „Кралевите“ настапи на 405 натпревари, постигна 27 гола и 88 асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан