• понеделник, 30 септември 2024

Анчелоти за ремито со Атлетико Мадрид: Бевме многу блиску до победа

Анчелоти за ремито со Атлетико Мадрид: Бевме многу блиску до победа

Мадрид, 30 септември 2024 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се осврна на нерешениот резултат на синоќешниот натпревар од 8. коло од шпанското првенство против Атлетико Мадрид.

Градското дерби заврши нерешено 1:1, а Реал прими гол во 90+5. минута.

- Бевме многу блиску до победа. Штета што примивме гол во последните минути. Ремито овде може да биде добра работа. Секогаш размислувам позитивно, а не негативно. Заработивме бод со тежок противник. Не можеме секогаш да играме во ист ритам, но тоа е нормално затоа што играме многу натпревари, изјави Анчелоти за „Marca“.

Во 70. минута средбата беше прекината поради однесувањето на домашните навивачи. Тие почнаа да фрлаат тврди предмети кон гостинскиот голман Тибо Куртоа.

По овој натпревар Атлетико е на третото место во поредокот со 16 бодови. Реал Мадрид е на второто место со 18 бодови, три бода помалку од водечката Барселона. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан