• понеделник, 01 јули 2024

Анчелоти: Во моментов не размислувам за евентуална преселба на Мбапе во Реал

Анчелоти: Во моментов не размислувам за евентуална преселба на Мбапе во Реал

Мадрид, 12 мај 2024 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти одговори на прашање за можниот трансфер на напаѓачот Килијан Мбапе. Напаѓачот на ПСЖ на лето ќе стане слободен играч.

- Ова не е тема што ме интересира во моментов. Имаме уште многу да направиме. Игравме денеска и сега е време да ја прославиме титулата со нашите навивачи. После ова ќе имаме уште многу натпревари. До 1 јуни имаме многу за размислување, изјави Анчелоти за „Real France“.

Французинот најави заминување од ПСЖ во петок на 10 мај. 25-годишниот играч ќе го напушти тимот како слободен играч.

Со голема веројатност, следната дестинација на Мбапе ќе биде Реал Мадрид. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан