Серхи Роберто е слободен агент
- Играчот од средниот ред Серхи Роберто и официјално стана слободен играч. Фудбалерот реши да не го продолжи договорот со Барселона. Неговиот договор траеше до 30 јуни.
Барселона, 1 јули 2024 (МИА) - Играчот од средниот ред Серхи Роберто и официјално стана слободен играч. Фудбалерот реши да не го продолжи договорот со Барселона. Неговиот договор траеше до 30 јуни.
Се известува дека доколку Каталонците ги решат проблемите со регистрацијата, Роберто ќе потпише нов договор со Барса.
Интер и Жирона покажуваат интерес за Роберто и се потенцијална нова клупска за него.
Минатата сезона 32-годишниот фудбалер одигра 24 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и три асистенции. зс/
Фото: ЕПА