Ваноли го напушти тренерското место на Торино
- Тренерот на Торино, Паоло Ваноли, ја напушти функцијата, објави официјалниот сајт на клубот.
Торино, 5 јуни 2025 (МИА) - Тренерот на Торино, Паоло Ваноли, ја напушти функцијата, објави официјалниот сајт на клубот.
Претходно, претседателот на калчолигашот Урбано Каиро јавно упати остри критики кон Ваноли.
Торино го зазеде 11. место во Серија А во сезоната 2024/25.
Ваноли е на чело на Торино од летото 2024.
Во вториот дел од сезоната 2024/25 за Торино настапуваше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој играше како позајмен фудбалер од Лајпциг. зс/
Фото: ЕПА