• недела, 22 декември 2024

Анкета: Германците поддржуваат зголемени вложувања за европската безбедност

Анкета: Германците поддржуваат зголемени вложувања за европската безбедност

Берлин, 12 ноември 2024 (МИА) - Седумдесет и три проценти од Германците сметаат дека нивната земја треба да вложи повеќе средства во безбедноста на Европа, според истражување објавено денеска, пренесува ДПА.

Истражувањето, спроведено за Фондацијата „Кјорбер“ по американските избори и распаѓањето на германската владејачка коалиција, покажува дека 58 отсто од граѓаните не сакаат Германија да ја преземе водечката улога ако САД се повлечат од меѓународната сцена.

На прашањето кој политичар е најкомпетентен во областа на надворешната политика, 28 отсто од испитаниците го посочиле Фридрих Мерц, кандидат за канцелар на конзервативната опозиција. Зад него следуваат Роберт Хабек со 18 отсто и актуелниот канцелар Олаф Шолц со 15 отсто.

Годишното истражување „Пулсот на Берлин“, спроведено од Институтот „Вериан“, е дополнето со податоци од ново истражување извршено на 7-8 ноември, по претседателските избори во САД и распадот на коалицијата. ссм/

фото: пиксабеј

Остани поврзан