• сабота, 01 февруари 2025

Лидерите на АфД отпатуваа во Вашингтон, но не присуствуваа на инаугурацијата на Трамп

Лидерите на АфД отпатуваа во Вашингтон, но не присуствуваа на инаугурацијата на Трамп

Берлин, 22 јануари 2025 (МИА) – Лидерите на германската ултрадесничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) на 20 јануари беа во Вашингтон на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, но не присуствуваа на церемонијата, туку ја гледаа на екранот.

Како што јави германската новинска агенција ДПА, копретседателот на АфД Тино Крупала и заменик-претседателката на парламентарната група на АфД, Беатрикс фон Шторч беа меѓу илјадниците луѓе во фан зоната на околу два километри од Капитол.

- За жал, екстремно студеното време не ми дозволи да ја гледам инаугурацијата од резервираното место, наведе Крупала.

Поради временските услови, организаторите ја префрлија свечената заклетва во зградата на Капитол, ограничувајќи го бројот на присутни.

Крупала рече дека за време на неговата посета се сретнал со бизнис претставници, членови на Конгресот и дипломати.

И Фон Сторч посочи дека се сретнала со клучните фигури од потесниот круг на американскиот претседател, меѓу кои и со Доналд Трамп помладиот и Стив Банон, поранешен член на тимот на Трамп, познат по своите екстремно десничарски ставови. ми/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан