• вторник, 30 април 2024

Андоновски: Сите млади заслужуваат достоинствени услови за вработување и самовработување

Андоновски: Сите млади заслужуваат достоинствени услови за вработување и самовработување

Скопје, 14 април 2024 

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски денес беше во посета на граѓани и млади во општина Шуто Оризари.

"Како што можеме да забележиме со 7 години власт на СДСМ и ДУИ особено во Шуто Оризари, невработеноста е зголемена во оваа општина, доколку на национално ниво е 14% невработеноста, тука е 27%, затоа сме овде со граѓаните кои ни кажаа дека сакаат промени", истакна Андоновски.

Андоновски истакна дека на граѓаните во Шуто Оризари, но и низ цела Македонија, заслужуваат достоинствени услови за вработување и доброплатени работни места.

„Затоа треба да им обезбедиме ИТ и други обуки за квалификација, доквалификација и преквалификација, за да добијат високо платени и достојни работни места“.

"Во програмата за парламентарните избори оваа година имаме предвидено поддршка на вработувањето, самовработувањето, зголемување на платите, но не на овој вештачки начин кој што СДСМ го прави изминативе години, туку да им помогнеме на луѓето да ги добијат квалитетите и квалификациите кои што ги заслужуваат" , порача Андоновски. 

Заменик министерот забележа дека ова не е недостижна мисија, туку дека е реален проект кој што некои земји во светот и наши соседни земји успеале да го имплементираат и кај нив. Посочи и дека е важно да се инвестира во младите и повозрасните, за да добиеме подобар животен стандард за сите граѓани и истите да останат да работат тука во Македонија.

На средба со млади од Ѓорче Петров, дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, потенцираше дека младите луѓе имаат лесен и едноставен избор кога се работи за избор на Претседател на Република Македонија. „И младите во Ѓорче Петров, но и насекаде низ Македонија имаат јасен и би рекол лесен избор во првиот и во вториот круг, на 24 април и на 8 мај.“

„Од една страна го имате Стево Пендаровски, кој на еден младински самит, фамозно изјави дека доколку не бил Претседател веднаш ќе ја напуштел државата и на тој начин го потикнува иселувањето. Човек кој во 5 годишниот мандат нема ништо направено за младите и секојдневно ги менува ставовите, според тоа што ќе му кажат неговите стопани, Артан Груби и Али Ахмети. Од друга страна ја имате професорката Гордана Силјановска Давкова, која што е човек инспиративен професор, со огромно искуство, огромно знаење и посветеност кон она што го работи“, изјави Андоновски.

Андоновски појасни дека професорката е почитувана и сакана кај младите, бидејќи таа знае како со нив и ги поддржува, и дека неколку пати била избирана за најомилен професор, призната во државата и пошироко.

„Во програмата на професорката Гордана Силјановска Давкова има предвидено форум на млади, кој ќе биде составен дел од нејзиниот кабинет и нејзиното работење, вработување на советник за млади во рамки на кабинетот на Претседателот, како и поддршка на младински хабови и иновациски центри за поддршка на младите“ , изјави Андоновски.

Во првиот круг ќе победиме, а во вториот круг ќе ја забетонираме победата на Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ со голема двојна победа, потенцираше Андоновски.

 

Стефан Андоновски  Секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан