• недела, 22 декември 2024

Андоновска: Бујар Османи ја искористува позицијата министер за собирање поени како канидат за претседател

Андоновска: Бујар Османи ја искористува позицијата министер за собирање поени како канидат за претседател

Скопје, 18 април 2024

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја искористува позицијата
на министер за собирање на поени како канидат за претседател на
Република Македонија, вели носителката на пратеничката листа на
коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица еден, д-р.
Добрила Андоновска во гостување во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Андоновска смета дека Отворен Балкан е добра организација, од која
Македонија и граѓаните имаат придобивки.

-Ако имате недостиг на лекари во југот на Србија, можат нашите лекари да
одат да работат таму, или обратно. Добивка има пазарот на труд, значи за
ситни политички поени пред избори не треба да се искористуваат овие
прашања, истакна Д-р. Андоновска.

- Јас сум апсолутно сигурна дека сами можеме да изградиме систем, без
Европската унија, а најголемите партии кои 30 години се менуваат во
Македонија имаа време да спроведат реформи. Имаа и време и луѓе, а тоа
што не успеаја е загуба за сите граѓани, истакна Андоновска.

- Три основни столба, од кои мислам дека секој човек што ќе има можност
да направи во Република Македонија, се образованието, здравството и
судството. Ние имаме едно образование како што имаме, тотално руинирано
здравство и судство.

Во образованието, самите вработени во високото образование бараат
реформи во однос на апсолутна нивна автономија, кадровска автономија,
немаат млади кадри за да се напредува во научна смисла. Одредени катедри
имаат нула, или еден или два асистенти. Мора да генерираме квалитетни
кадри.

Во однос на судството повторно се почнува од чесни и компетентни
личности, не партиски личности, знаеме кај нас како се бираат судиите,
знаеме како се елиминираат квалитетни кадри од ЈО, кадешто имавме една
одлука дека е дискриминирана една кандидатка во однос на мајчинство,
затоа што е мајка на две близначиња. За какви реформи ние во судството
зборуваме? Треба да се руши системот за да изградите нов систем, нас
системот ни е веќе до дното.

Има можност со чесни кадри да се поправи тоа, вели д-р Андоновска.

Таа истакна дека ГРОМ и коалицијата „Храбро за Македонија“ е против
промена на Уставот со цел внесување на Бугарите во Уставот доколку не се
затвори целиот пакет за бугарското прашање.

- Ние како коалиција сме против внесување на Бугарите во Уставот, ако не
биде комплетно затворен целиот пакет во смисла на националните прашања и
јазикот. Проблемот со јазикот  е тоа што источните соседи велат дека
зборуваме бугарски дијалект и дека сме нација од 1944 година, тоа
никогаш не може да помине кај македонскиот надор, тоа што двете големи
македонски и сега и албански партии го заговраат, сите ќе ги внесат
Бугарите без да го затворат комплетниот пакет, само едните пред, 
адругите по изборите. Тоа е умирање на рати, значи можете да умрете
веднаш, а ова е умирање на рати. ВМРО-ДПМНЕ кокетира затоа што знае дека
евроскептицизмот расте, вели Андоновска.

Отворање на Уставот е отворање на Пандорината кутија, вели Андоновска.

Со почит,

Центар за комуникации на ГРОМ, коалиција „Храбро за Македонија“

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Принтскрин 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан