Народна банка: Каматните стапки на благајничките записи непроменети, инфлацијата во првите два месеца од годинава пет проценти
- Тековната поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата, но и на ризиците, кои и натаму постојат и се нагласени. Каматната стапка на благајничките записи да остане на нивото од 5,35 отсто, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на седум дена на нивоата од 3,95 отсто и 4 отсто, соодветно. Непроменета е и понудата на благајничките записи на редовната аукција и изнесува 10 милијарди денари. Со ваквата одлука се задржува внимателниот карактер на монетарната политика. И натаму се очекува дека нивото на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки ќе придонесат за ценовна стабилност на среден рок и за стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото.

Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.