• петок, 05 декември 2025

Започна целосна реконструкција на улицата „Симче Настевски” во населба Радишани

Започна целосна реконструкција на улицата „Симче Настевски” во населба Радишани

Скопје, 12 март 2025

 

Почитувани,

 

Ве известуваме дека денес (12 март 2025 год.) започна целосната реконструкција на улицата “Симче Настевски” во населба Радишани. По повеќе децении лажни ветувања на надлежните, општина Бутел го исполни најголемото барање на граѓаните. Улицата е во должина од 500 метри и површина од 2500 метри квадратни. Реконструкцијата на улицата “Симче Настевски” е дел од големата градежна офанзива – проект за реконструкција на 70 улици во износ од 150 милиони денари. Општина Бутел останува посветена на инвестиции во инфраструктурата и подобрување на животот на граѓаните во секое населено место.

Со почит,
Општина Бутел

Фото: Општина Бутел

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан