• недела, 14 јули 2024

Американски медиуми: Убиен е напаѓачот кој пукаше и го рани Трамп

Американски медиуми: Убиен е напаѓачот кој пукаше и го рани Трамп

Батлер, 14 јуни 2024 (МИА) – Осомничениот напаѓач кој го рани републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на митинг загина, објавија американските медиуми. Според медиуми во САД, загина и лице кое било на митингот.

„Окружниот обвинител на округот Батлер, Ричард Голдингер изјави дека две лица се мртви, вклучително и најверојатно напаѓачот“, објави Вашингтон пост.

Еј-Би-Си Њуз го цитираше Голдингер дека можеби е погоден и втор овек кој бил на митингот.

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп е „во добра здравствена состојба“ и е на проверки во медицинска установа, соопшти неговата кампања  откако по истрели беше евакуиран од бина на митинг во Пенсилванија.зш/

Остани поврзан