• петок, 22 ноември 2024

Американски воени единици во Ирак и Сирија нападнати со дронови четири пати во рок од неколку часа

Американски воени единици во Ирак и Сирија нападнати со дронови четири пати во рок од неколку часа

Вашингтон, 24 ноември 2023 (МИА) - Американските воени единици во Ирак и Сирија биле нападнати со проектили и беспилотни летала четири пати во рок од неколку часа, изјави претставник на Пентагон, додавајќи дека нема жртви или материјална штета.

Американскиот воен претставник рече дека две локации на американските сили и нивните меѓународни сојузници во североисточна Сирија вчера биле нападнати со повеќе проектили и беспилотно летало. Кон воздухопловната база Аин ал Асад, која се наоѓа западно од главниот град на Ирак, Багдад, исто така полетале дронови. Беспилотно летало нападнало и американска база во близина на аеродромот во градот Ебрил во северен Ирак.

Одговорноста за нападите ја презеде групата „Исламски отпор во Ирак“. Според аналитичарите, станува збор за спојување на неколку ирачки милиции поврзани со Иран.

Нападите се случија само еден ден откако САД извршија напади врз борците на групата Катаиб Хезболах со седиште јужно од Багдад. Акциите на американската војска ги осуди ирачката влада, која рече дека „водат до ескалација и го нарушуваат суверенитетот на земјата“. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан