• недела, 23 јуни 2024

Американските сили уништија три поморски беспилотни летала на Хутите во Црвеното Море

Американските сили уништија три поморски беспилотни летала на Хутите во Црвеното Море

Каиро, 23 јуни 2024 (МИА) - Американските сили во изминатите 24 часа уништија три поморски беспилотни летала на проиранските јеменски бунтовници Хути во Црвеното Море, соопшти денеска Централната команда на американската армија (ЦЕНТКОМ).

Во исто време, Хутите лансираа три противбродски балистички ракети кон цели во Аденскиот Залив, но нема повредени или значителна штета пријавена од американски, коалициски или трговски бродови, се вели во соопштението на ЦЕНТКОМ.

Централната команда на САД, исто така, ги отфрли неодамнешните тврдења на Хутите за успешен напад на американскиот носач на авиони „Двајт Д. Ајзенхауер“ и ги нарече „ноторни лаги“.

Нападите на милитантната група Хути во Црвеното Море и Аденскиот Залив започнаа во ноември минатата година и ја нарушија глобалната трговија, а групата рече дека ги извршува нападите во знак на солидарност со Палестинците во војната со Израел во Појасот Газа. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан