• петок, 22 ноември 2024

Американскиот Конгрес има четири дена да го одобри владиното финансирање

Американскиот Конгрес има четири дена да го одобри владиното финансирање

Вашингтон, 28 септември 2023 (МИА) - Претседателот на Претставничкиот дом на републиканците, Кевин Мекарти, го отфрли нацрт-законот за привремено финансирање на Владата кој е во постапка во Сенатот, со што Вашингтон е чекор поблиску до четвртата делумна блокада на владата во една деценија, до што остануваат само четири дена.

Тоа би довело до суспензија на стотици илјади вработени во владините агенции и низа владини услуги, од објавување на економските показатели до субвенции за храна, додека Конгресот не го усвои предлог-законот за владино финансирање што мора да биде потпишан од претседателот Џо Бајден на крајот од процесот.

Според планот на Сенатот, Владата ќе биде финансирана до 17 ноември за да им даде на пратениците повеќе време да се договорат за финансирање за целата фискална година што започнува на 1 октомври.

-Не гледам поддршка во Домот за планот на Сенатот“, рече Мекарти, иако нацрт-законот има поддршка од републиканците во Сенатот, вклучувајќи го и нивниот лидер Мич Меконел.

Претседателот, додаде Мекарти, треба да се вклучи и да направи нешто, или владата ќе се затвори.

Екстремно десничарските републиканци во Претставничкиот дом се особено против планот на Сенатот да обезбеди помош од 6,1 милијарди долари за Украина. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан