• петок, 10 мај 2024

Амбасадорот на Австрија во земјава во посета на Крива Паланка

Амбасадорот на Австрија во земјава во посета на Крива Паланка

Крива Паланка, 4 април 2024 (МИА) - Делегација предводена од амбасадорот на Австрија во државава, Мартин Памер, денеска беше во официјална посета на општина Крива Паланка. Иницијативата за воспоставување соработка беше на територијалната противпожарна единица од општината и командирот Иле Коцевски.

- Меѓународна соработка на Општина Крива Паланка со нашите европски пријатели, гости на градоначалникот и општината денеска - амбасадорот на Австрија во Северна Македонија, Мартин Памер и делегацијата, Петер Логар, службеник за бегалци и кризни ситуации на Тирол и Јоханес Пап, заменик-командант на Покраинската противпожарна тиролска бригада. На средбата се дискутираше за области за можна идна соработка, покрај првичната, иницијална за посетата - противпожарна заштита. При посетата на ТППЕ Крива Паланка, командирот Иле Коцевски и припадниците на единицата, ги запознаа со техничката опременост, капацитети и ресурси, разменија искуства и се разговараше за можни проекти за поддршка и развој, информираше Службата за комуникација со јавност на локалната самоуправа.

Локален економски развој, образование, култура, спорт, се само дел од темите за што се разговарало со општинските служби и градоначалникот. Дел од делегацијата посетил воспитно-образовни институции од градот, ЛУ Градски музеј Крива Паланка и манастирот „Свети Јоаким Осоговски“.

- Општина Крива Паланка продолжува да гради меѓународна соработка и партнерства, нагласија од општината. ид/бд/

Фото: Општина Крива Паланка 

Остани поврзан