• четврток, 21 ноември 2024

Амбасадорите на ЕУ се договорија за доделување 35 милијарди евра за заемот од Г7 на Украина

Амбасадорите на ЕУ се договорија за доделување 35 милијарди евра за заемот од Г7 на Украина

Брисел, 9 октомври 2024 (МИА) - Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ денеска се договорија ЕУ да одвои 35 милијарди евра за поголем, планиран заем од Г7 на Украина.

Заемот од Г7 ќе ги користи замрзнатите средства на руската централна банка, потврдија дипломати од земјите на ЕУ.

Г7 и ЕУ во јуни објавија дека ќе обезбедат заем од 50 милијарди долари за помош на Украина, кој ќе биде отплатен со профитот генериран од замрзнатите руски средства на Запад. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан