• вторник, 26 ноември 2024

Амазон планира да ги лансира првите интернет сателити до 2024 година

Амазон планира да ги лансира првите интернет сателити до 2024 година

Вашингтон, 15 март 2023 (МИА) - Компанијата  „Amazon.com“ во сопственост на Џеф Безос, соопшти дека планира да ги лансира своите први интернет сателити во вселената во првата половина на 2024 година и наскоро потоа ќе им понуди првични комерцијални тестови на корисниците.

Компанијата се подготвува да се натпреварува со SpaceX на Илон Маск и други во обезбедување услуги на широкопојасен интернет на глобално ниво.

Сателитската интернет единица на Amazon, Project Kuiper, ќе започне со масовно производство на сателити подоцна оваа година, објави компанијата.

Тоа ќе биде првиот од повеќе од 3.000 сателити кои технолошкиот гигант планира да ги лансира во ниската орбита на Земјата во следните неколку години.

- Дефинитивно ќе имаме бета тестирање со комерцијални клиенти во 2024 година, рече Дејв Лимп, шеф на одделот за потрошувачки уреди на Амазон, на конференција во Вашингтон.

Исполнувањето на целта за 2024 година ќе му овозможи на Амазон да продолжи успешно да лансира половина од својата мрежа Квипер од 3.236 сателити до 2026 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан