• сабота, 21 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Макрон: Русија сè поотворено се обидува да ја дестабилизира Молдавија

Макрон: Русија сè поотворено се обидува да ја дестабилизира Молдавија

Париз, 10 март 2025 (МИА) - Молдавија е цел на сè поочигледни обиди за дестабилизација од страна на Русија, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

- Молдавија, во чиј воздушен простор редовно навлегуваат руски дронови и ракети, мора да се справува и со сè поагресивните обиди за дестабилизација од Русија, насочени особено кон демократските институции на вашата земја, изјави Макрон на заедничката прес-конференција во Париз со молдавската претседателка Маја Санду, обраќајќи ѝ се директно. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан