• петок, 17 мај 2024

Ал Хути: Ќе ги нападнеме сите бродови што превезуваат стока во Израел, без оглед на крајната точка на нивниот курс

Ал Хути: Ќе ги нападнеме сите бродови што превезуваат стока во Израел, без оглед на крајната точка на нивниот курс

Сана, 9 мај 2024 (МИА) - Водачот на јеменските бунтовници Хути, Абдул Малик ал Хути, изјави дека неговите борци ќе ги нападнат бродовите на која било компанија вклучена во снабдување или транспорт на стоки за Израел, без оглед на крајната точка на нивниот курс.

Тој посочи дека нападите ќе бидат одговор на „израелската агресија во Рафа“ во јужниот дел на Појасот Газа. „Мораме да донесеме многу важни, прецизни и влијателни одлуки во однос на нашите непријатели“, додаде Ал-Хути.

Со месеци, јеменските бунтовници напаѓаат бродови во Црвеното Море, попречувајќи го глобалниот транспорт и принудувајќи ги меѓународните компании да ги пренасочат своите бродови на поскапи рути околу Јужна Африка. Дополнително, дејствијата на Хутите ги зголемија стравувањата дека војната меѓу Израел и Хамас може да доведе до поголема дестабилизација на Блискиот Исток.

Нападите на јеменските бунтовници предизвикаа одмаздничка реакција на САД и Велика Британија, кои извршија ракетни напади врз нивните локации. ссм/

фото: архива

Остани поврзан