• четврток, 23 мај 2024

Алкараз: Сакам да го победам Ѓоковиќ и да станам најдобар во историјата

Алкараз: Сакам да го победам Ѓоковиќ и да станам најдобар во историјата

Торино, 20 ноември 2023 (МИА) - Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ги кажа своите амбиции за следните години. Тој сака да го победува Србинот Новак Ѓоковиќ и еден ден да стане најдобар во историјата на овој спорт. 

- Искрено, ако размислувам така, ќе морам да останам таму 15 години. И тоа е неверојатно. Секако дека ме мотивира бидејќи сакам да го победам овој човек. Сакам да станам најдобар во историјата. Сакам да тренирам со одредена цел. Сакам да победувам на секој турнир. Но, во исто време, нема да размислувам за тоа бидејќи е многу, многу тешко. Легенда на нашиот спорт може да го направи тоа. Тоа што го прави Ѓоковиќ е неверојатно, руши рекорди, победува на секој турнир на кој учествува. Ова е лудо, ја цитира изјавата на Алкараз „Tennis Infinity“. 

Триесет и шестгодишниот Ѓоковиќ годината ја завршува како број еден во светот. Од денес Србинот ја започнува својата 400-та недела на првото место на АТП-листата. Ѓоковиќ е лидер по бројот на завршени сезони како светски рекет број еден, вкупно осум. зс/ 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан