• сабота, 27 април 2024

Алиоски: Почетокот на квалификациите е многу важен за нас

Алиоски: Почетокот на квалификациите е многу важен за нас

Скопје, 18 март 2023 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација утре ќе го има првиот собир со кој ќе означи почетокот на подготовките за воведниот натпревар против Малта во квалификациите за ЕУРО2024.

Репрезентативецот Езѓан Алиоски истакна денеска дека победа на дуелот со Малта в четврток во Скопје е од исклучителна важност.

-Среќни сме што после неколку месеци повторно се собираме со репрезентацијата на Македонија. Започнуваме нов квалификациски циклус и секако дека посакуваме победа над Малта и старт со три бода. За нас е исклучително важно успешно да ги започнеме квалификациите затоа што потоа ни следуваат многу посериозни натпревари во силната група со Англија, Италија и Украина, изјави Алиоски.

Левиот репрезентативен бек со оптимизам гледа на квалификацискиот циклус за пласман на завршниот турнир во Германија.

-Посакувам сите да бидеме здрави и комплетни и верувам дека ќе го дадеме најдоброто од себе. Ќе се обидеме да одиграме одлични натпревари за успешни квалификации после историските резултати во последните години, додаде Алиоски. ег/ир

 

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан