• вторник, 02 јули 2024

Алегри: Киеза може да постигне 14-16 гола оваа сезона

Алегри: Киеза може да постигне 14-16 гола оваа сезона

Торино, 21 август 2023 (МИА) - Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри очекува ефикасна сезона за Федерико Киеза кои беше стрелец на првиот гол синоќа во натпреварот од првото коло во Серија А против Удинезе (3:0).

 

- Го гледам Киеза во нападот. Тој е премногу изолиран играјќи на крило, па добро изгледаше во тандем со Влаховиќ. Тие напредуваат, но Киеза повторно малку се префрли на крило. Мислам дека Киеза може да постигне 14-16 гола оваа сезона, изјави Алегри за „ДАЗН“.

 

Следниот натпревар Јувентус го игра на 27 август против Болоња, додека Удинезе ќе се соочи со Салернитана на 28 август. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан