• недела, 22 декември 2024

Албанскиот претседател, Бегај пречекан со државни почести во Приштина, ќе се обрати на Собранието

Албанскиот претседател, Бегај пречекан со државни почести во Приштина, ќе се обрати на Собранието

Приштина, 12 јуни 2024 (МИА) – Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај е пречекан претпладнево во косовската престолнина со државни почести, јави дописникот на МИА од Приштина.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи излезе да го пречека нејзиниот албански колега пред Претседателството, каде што беа интонирани државните химни од оркестарот на Безбедносните сили на Косово.

Бегај се очекува да им се обрати на републичките пратеници на денешната свечена седница на Собранието на Косово.

Албанскиот претседател попладнево ќе биде примен и од косовскиот премиер, Албин Курти.

Во Косово денеска се слави 25-годишнината од Денот на ослободувањето, односно влегувањето на силите на НАТО по 78-дневното бомбардирање на Србија во 1999 година. иа/паг/
 

 
 
 

 

 

Остани поврзан