• петок, 22 ноември 2024

Албанија бележи раст на странските инвестиции, највисоко ниво во последните осум години

Албанија бележи раст на странските инвестиции, највисоко ниво во последните осум години

Тирана, 19 јуни 2023 (МИА) – Директните странски инвестиции во Албанија, во периодот јануари-март годинава, забележале раст, што според статистиката на Централна банка на Албанија, ова е најдоброто прво тримесечие во последните осум години.

- Албанската економија во првото тримесечие од годинава апсорбирала повеќе странски доректни инвестиции. Тие изнесуваат 308 милиони евра и бележат пораст од 1,65 отсто во однос на истиот период минатата година, но се со највисок износ во прво тримесечие во последните осдум години, јави Топ чанел.

Ако се направи споредба со истиот период пред една година, Албанија во првите три месеци од годинава привлекла околу 5 милиони евра повеќе.

- Силната промена на нивото на инвестициите дојде по пандемијата и лани достигнаа вредност од 1,37 милијарди евра, што е зголемување од 33 отсто во однос на претходната година. Странските инвестиции во Албанија се концентрирани во секторот на финансиско посредување, недвижности, како и во енергетиката, наведува телевизијата.

Деновиве лидерот на опозициската Партија на слободата и поранешен претседател, Илир Мета, изјави дека Албанија е последна во регионот по привлекување странски инвестиции.

Исто така, според него, земјава има најниски приходи во буџетот во однос на Бруто домашниот производ, под 30 проценти, додека сите други земји од регионот имаат просечно 40 проценти. вт/паг/

Фото: Скриншот

Остани поврзан