• среда, 16 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Акција на ОВР Берово за почитување на законските одредби кои произлегуваат од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир

Акција на ОВР Берово за почитување на законските одредби кои произлегуваат од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир

Берово, 16 април 2025 (МИА) - Почитување на законските обврски кон одржување на Јавниот ред и мир во Берово и Пехчево за празниците беше главната тема на состанокот кој во рамки на активностите на ОВР Берово, се одржа во соработка со Општина Берово.

На состанокот како што информираше градоначалникот на Општината, Звонко Пекевски кој учествуваше на средбата, акцент беше ставен на превенцијата, како и укажување на важноста за почитување на законските обврски, особено за време на велигденските празници и оние обврски кои произлегуваат од Законот за прекршоци против прекршувањето на Јавниот ред и мир. 

-На состанокот присуствуваа претставници на ОВР Берово, претставници на угостителските објекти од подрачјето на Берово и Пехчево и претставници од Општина Берово. Притоа даден е посебен акцент, со укажување за строга забрана за:
присуство на малолетници во угостителските објекти, после 00:00 часот, без присуство на родител или старател; точење и продажба на алкохолни пијалоци на лица под 18 години , кое е најстрого забрането, согласно Кривичниот законик на РСМ како и овозможување на малолетници да консумираат алкохол во угостителски објект, информира Пекевски.

Секоја повреда на овие одредби, како што беше истакнато на средбата претставува прекршок и носи соодветна одговорност- како за вработените, така и за сопствениците на објектот. Исто така, на истата беа потенцирани обврските на угостителите и овластените лица кај угостителите, за целосна соработка со претставниците на МВР, во однос на пријавување на прекршоци на јавниот ред и мир. 

По завршувањето на заедничката активност од Општина Берово и ОВР Берово апелираа да се почитуваат мерките кои произлегуваат од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, се со цел да се даде придонес кон обезбедување на безбедна средина за сите граѓани во насока н безбеден дочек на Велигденските празници. 

-Заедничка цел,  е да обезбедиме мирна, безбедна и достоинствена прослава на најголемиот христијански празник Велигден, со почитување на сите законски прописи. Сите да покажеме совесност и одговорност! Ви благодариме на разбирањето, се додава во соопштението од ОВР и Општина Берово. вс/


Фото: МИА

Остани поврзан