• среда, 10 јули 2024

Актовка вознемири кумановец, полицијата утврдила дека е празна

Актовка вознемири кумановец, полицијата утврдила дека е празна

Куманово, 10 јули 2024 (МИА) - Актовка оставена на улица на тротоар вознемири жител на улицата „Доктор Рибар“ во Куманово. Лицето пријавило во полиција мислејќи дека е сомнителна, а полицијата востановила дека се работи за празна актовка, соопшти денеска СВР Куманово.

- Денеска во 09: 46 часот во СВР Куманово Н.И. од Куманово пријавил дека на улицата „Доктор Рибар“ во Куманово пронашол актовка, која изгледала сомнително. Полициските службеници од СВР Куманово веднаш го обезбедиле местото и по извршените проверки било утврдено дека се работи за празна актовка, соопшти полицијата. ам/сст/

МИА


 
 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан