• петок, 22 ноември 2024

Активисти ги блокираа германските патишта во знак на протест против климатските промени

Активисти ги блокираа германските патишта во знак на протест против климатските промени

Берлин, 6 февруари 2023 (МИА) - Активисти за борба против климатските промени денеска ги блокираа патиштата во Берлин, Лајпциг, Магдебург и други германски градови, предизвикувајќи немири и барајќи поголема акција против климатските промени.

Активистите на групата Последна генерација (Last Generation) се залепија на патот на излезот од автопатот во Берлин, додека во Хановер групата блокираше кружен тек и неколку од нив се залепија за улицата, соопшти полицијата.

 Катарина Дреге, шефица на пратеничката група на Зелените, изрази неразбирање за новата рунда улични блокади: „Која е пораката овде? Што сакаат да постигнат? праша таа во интервју за телевизијата РТЛ. Ако целта беше да им се каже на луѓето да не патуваат на работа или да не ги носат своите деца на училиште, акцијата и пораката не се совпаднаа, рече Дреге.

 Климатските активисти сакаат со протести да укажат на растечката контроверзност околу климатската политика на Берлин. Екологистите тврдат дека климатските цели се занемаруваат со враќањето на повалканите горива, што се случува поради енергетската криза предизвикана од руската инвазија на Украина. ссм/

Остани поврзан