• петок, 27 декември 2024

Аеродромите во руските градови Сочи и Казањ привремено затворени од безбедносни причини

Аеродромите во руските градови Сочи и Казањ привремено затворени од безбедносни причини

Москва, 27 декември 2024 (МИА) - Заради безбедност на летовите на цивилните авиони, утрово беа воведени привремени ограничувања за работата на аеродромите во Сочи и Казањ, соопшти руската агенција Росавијација.

Во соопштението се наведува дека аеродромите привремено „не прифаќаат ниту испраќаат летови“.

Причините за тие ограничувања не се наведени.

Ограничувања за користење на воздушниот простор претходно беа воведени на аеродромите во Волгоград и Астрахан, но сега се укинати, соопштија прес-службите на тие аеродроми. зш/

Остани поврзан