• петок, 27 декември 2024

Кина воведе санкции за западните компании

Кина воведе санкции за западните компании

Пекинг, 27 декември 2024 (МИА) - Кинеската влада денеска одобри воведување санкции против седум западни компании како одговор на неодамнешните најави на САД за продажба на оружје и воена помош за кинескиот регион Тајван, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Пекинг.

Имотот на овие компании во Кина, како што се наведува, ќе биде замрзнат, а на кинеските субјекти им е забрането да соработуваат со нив.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се вели дека потезите на САД ги прекршуваат договорите меѓу двете земји за Тајван, се мешаат во внатрешните работи на Кина и го поткопуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на нацијата.

Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден минатата недела одобри воена помош од 571 милион долари за Тајван, а Пентагон објави продажба на оружје во вредност од 295 милиони долари на островот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан