• петок, 27 декември 2024

Гутереш ја осуди ескалацијата на конфликтот во Јемен, ги повика сите страни да престанат со воените дејствија

Гутереш ја осуди ескалацијата на конфликтот во Јемен, ги повика сите страни да престанат со воените дејствија

Њујорк, 27 декември 2024 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ја осуди ескалацијата на конфликтот во Јемен и ги повика сите страни да престанат со воените дејствија и да покажат воздржаност, изјави портпаролката на ОН, Стефани Трембли.

Според неа, Гутереш изразил длабока загриженост за ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и јеменските бунтовници Хути.

Гутереш, исто така, предупреди дека израелските воздушни напади врз пристаништата на Црвеното Море и аеродромот во Сана претставуваат сериозен ризик за хуманитарните операции во време кога на милиони луѓе им е потребна итна помош, рече Трембли. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан