• петок, 27 декември 2024

Стуб: Ситуацијата со оштетените кабли во Балтичкото Море е под контрола

Стуб: Ситуацијата со оштетените кабли во Балтичкото Море е под контрола

Хелсинки, 27 декември 2024 (МИА) - Финскиот претседател Александар Стуб денеска изјави дека ситуацијата сега е „под контрола“ по сомневањата за саботажа со кабли во Балтичкото Море.

„Нашата мисија е многу јасна: ситуацијата е под контрола и ние мора да продолжиме да работиме будно заедно за да гарантираме дека нашата чувствителна инфраструктура нема да биде оштетена од надворешни сили“, рече Стуб на прес-конференција.

Изминативе денови во Балтичкото Море беа оштетени четири кабли, меѓу кои и електричниот кабел „EstLink 2“ на 25 декември.

„Направена е значителна штета на каблите“, рече финскиот претседател.

Финската полиција вчера отвори истрага за „саботажа со отежнувачки околности“, а танкер со нафта што пловел од руско пристаниште бил задржан и придружуван од фински патролен брод кај Поркала, на околу 30 километри од Хелсинки.

Танкерот „Игл С“ (Eagle S), кој пловел под знамето на островите Кук и за кој се сомнева дека е дел од руската „флота во сенка“ според финската полиција, превезувал „безоловен бензин натоварен во руско пристаниште“. паг/

Фото: ЕПА

 

 

 

Остани поврзан