• четврток, 21 мај 2026

Полицијата во Њујорк застрела маж кој со мачета нападна патници во метрото

Полицијата во Њујорк застрела маж кој со мачета нападна патници во метрото

Њујорк, 12 април 2026 (МИА) – Маж вооружен со мачета повреди три лица на метро-станицата „Гранд сентрал“ (Grand Central) во Њујорк, пред да биде смртно застрелан од полицијата, јави Би-би-си.

Напаѓачот повредил 84-годишен маж и 65-годишен маж во пределот на главата и лицето, додека 70-годишна жена се здобила со исеченици на рамото додека била на перонот во метрото. Полицијата соопшти дека напаѓачот, идентификуван како 44-годишниот Ентони Грифин, ги игнорирал многубројните наредби да го фрли оружјето и се нарекувал себеси „Луцифер“.

Властите изјавија дека немаат сомнеж за поврзаност на инцидентот со тероризам, но настанот предизвика пренасочување на линиите на подземната железница.

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, во изјава нагласи дека „невини луѓе биле нападнати во бесмислен чин на насилство“.

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, ги пофали полициските службеници за нивната брза реакција и најави дека ќе бидат објавени снимките од полициските камери од инцидентот. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан