• вторник, 23 јули 2024

Администрацијата на Бајден ангажирана е на евакуација на американските лекари од Појасот Газа

Администрацијата на Бајден ангажирана е на евакуација на американските лекари од Појасот Газа

Вашингтон, 16 мај 2024 (МИА) – Администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден е ангажирана во евакуацијата на американски лекари од Појасот Газа, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Група американски лекари од Палестинската американска медицинска асоцијација претходно за „Вашингтон пост“ потврдија дека се блокирани во Газа откако Израел го затвори граничниот премин Рафа.

Внимателно ја следиме ситуацијата и работиме да ги извлечеме американските граѓани од Газа, истакна Жан-Пјер, додавајќи оти за тоа се разговара со Израел. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан