• петок, 17 мај 2024

Адетокумбо се најде во проширениот состав на грчката репрезентација за СП

Адетокумбо се најде во проширениот состав на грчката репрезентација за СП

Атина, 19 јули 2023 (МИА) - Грчката репрезентација го објави проширениот состав за претстојното Светско првенство во 2023 година, кое од 25 август до 10 септември ќе се одржи во Јапонија, Индонезија и Филипини.

 

На списокот од 18 имиња се најде и напаѓачот на ѕвездата на Милвоки, Јанис Адетокунбо, но сепак, учеството на двократниот МВП на НБА на турнирот останува под знак прашалник.

 

Грција ќе игра во групата Ц во Манила и ќе се соочи со САД, Јордан и Нов Зеланд. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан