• среда, 05 март 2025

Адвокатите во Србија почнуваат со редовна работа

Адвокатите во Србија почнуваат со редовна работа

Белград, 5 март 2025 (МИА) - Адвокатите во Србија од денеска почнуваат редовно со работа, по прекинот кој траеше вкупно 30 дена, пишува весникот „Политика“.

Адвокатската комора на Војводина (АКВ) одлучи дека в петок, 7 март, повторно ќе ја прекине работата на еден ден, како поддршка на студентите.

Како што објави „Политика“, академиците ги повикаа сите граѓани да се приклучат на генералниот штрајк в петок, а на тој повик се одзва АКВ.

На тој ден, адвокатите од Војводина ќе постапуваат само по притворски и малолетнички случаи и во постапки поврзани со семејно насилство. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан