• петок, 17 мај 2024

Агелер со судии од Одделот за организиран криминал и корупција на Кривичниот суд во Скопје го одбележа Меѓународниот ден на жените судии

Агелер со судии од Одделот за организиран криминал и корупција на Кривичниот суд во Скопје го одбележа Меѓународниот ден на жените судии

Скопје, 12 март 2024 (МИА) - Американската амбасадорка Анџела Агелер им се придружи на судиите од Одделот за организиран криминал и корупција на Кривичниот суд во Скопје за да го одбележат Меѓународниот ден на жените судии, објави Амбасадата на САД во Скопје на официјалниот фејсбук профил.

- Тие разговараа за важноста на истрајноста наспроти предизвиците и како почитувањето на владеењето на правото ги прави САД и Северна Македонија посилни, стои во објавата на ФБ на Амбасадата на САД во Скопје. цр/лв/

Фото: Фејсбук на Амбасадата на САД во Скопје

Остани поврзан