• понеделник, 23 декември 2024

„Автомобилска историја“ во општина Ѓорче Петров

„Автомобилска историја“ во општина Ѓорче Петров

Скопје, 1 септември 2024 (МИА) - На корзото во општина Ѓорче Петров денеска беа изложени шеесетина олдтајмери од осумдесеттите години. На изложбата, во организација на Здружението „Класик мини“ од Скопје, учествуваа клубови од Косово, Србија, Бугарија и Хрватска.

Како што информира Општина Ѓорче Петров, на изложбата присуствуваше и градоначалникот Александар Стојкоски, кој од организаторот доби благодарница за успешна соработка.

Посетителите можеа да погледнат возила стари над 40 години.  - Меѓу поатрактивните возила на настанот беше најстарото возило од 1932 година „Фиат Балила“, возилото „Форд Конзул“, англиско возило кое е дојдено од Парачин, Р Србија. Имаше и такви автомобили кои пристигнаа и од најдалечната дестинација од градот Осиек, Р. Хрватска, „мерцедес понтон“ од далечната 1959 година, како и многу други атрактивни автомобили и моторцикли, се вели во соопштението од Општина Ѓорче Петров.

Овие настани се дел од забавно-културна програма што ја подготви Општина Ѓорче Петров, а ќе трае се до 20 септември 2024 година. мд/мч/

Фото: Општина Ѓорче Петров

Остани поврзан