
5 март 2024
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за локална самоуправа Златко Перински и неговиот заменик Ерџан Селими, во рамки на теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“ во организација на Министерството за локална самоуправа. ќе присуствуваaт на отпочнување со реализација на проектите во Општина Илинден. (11:00 / изјава за медиуми во населеното место Јака во Марино)
Испра - Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе го посети институтот на Здружениот истражувачки центар на Европската комисија во Италија.
Скопје - Кабинетот на министер Шабан Салиу, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030 организира настан во соработка со UN Women на тема „Гласовите на жените Ромки: од предизвици до успеси“. (Клуб на пратеници/11:00)
Скопје - Националниот оператор на пазар на електрична енергија - МЕМО ДООЕЛ Скопје со поддршка на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини организира јавна расправа „Презентација на правилата за администрирање на Гаранции за потекло на електрична енергија“. (Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, осми кат/10:00)
Скопје - Црвениот крст на Република Северна Македонија ќе додели јубилејни признанија на партнерите и соработниците кои со својата поддршка и посветеност значително допринеле во реализирањето на хуманитарните активности и проекти што ги спроведува оваа организација. (DoubleTree by Hilton)
Скопје - Предавање „Карцином на дојка“ во организација на ХЕМА-ОНКО. ( Деканат на Медицински факултет/12:30)
Скопје - Разговор со писателката и преведувачка Калина Малеска, автор на книгата „Светот што го избрав“. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“/19:00)
Скопје - Промоција на „Во длабочината на моите рани“ од авторката Благица Каревска. („Матица ексклузив“/18:35)
Скопје - Отварање на изложба „Обмислување на современиот звучен пејзаж: Експериментални практики во визуелниот контекст“. (Галеријата ФЛУ на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ/19:30)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***