• среда, 03 јули 2024

 Израелската полиција се судри со еврејските доселеници на Западниот Брег

 Израелската полиција се судри со еврејските доселеници на Западниот Брег

Рамала, 3 јули 2024 (МИА) - Израелската полиција рано утринава се судри со еврејските доселеници на окупираниот Западен Брег за да отстрани безбедносна контролна  позиција во една илегална населба, покажуваат видео снимки од полициската акција.

Британските медиуми пренесуваат дека на снимките се гледа како полициски багери ја отстрануваат контролната позиција. Доселениците беа седнати на тесниот пат, блокирајќи го пристапот на полицијата која била принудена да ги растера.

Засега израелската Влада не излезе со коментар за полициската акција.

Израел е под меѓународен притисок да го запре проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег, кои Палестинците сакаат да стане дел од нивната идна независна држава, заедно со Појасот Газа.

Ваквата безбедносна позиција, крената на земјоделско подрачје, е нелегално според израелското и меѓународното право.

Израелската полиција и во минатото вршеше репресија против нелегалните активности на еврејските доселеници на Западниот Брег, но палестинските организации велат дека во некои случаи полицијата не го спроведува законот, особено од почетокот на војната во Газа.сд/

Остани поврзан